Србија: За родителите на првородено бебе еднократна помош од 840 евра

Министерката за демографија и популациска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека од 1 јули родителите на првородените бебиња ќе добијат еднократна помош од 100.000 динари, (околу 840 евра).

Таа изјави за Радио-Телевизија на Србија дека за родителите на второ, трето и четврто дете родено од почетокот на оваа година ќе бидат обезбедени планираните средства .



Родителите за второ дете родено оваа година ќе добиваат 10.000 динари (84), секој месец, за трето дете 12.500 динари во следните 10 години, а за четврто дете 18.000 динари во следните 10 години.

- Мерките имаат за цел да го поттикнат раѓањето, истакна министерката.

Наведувајќи дека е загрижувачко тоа што 600.000 двојки немаат деца, министерката рече дека оние што станале родители со биомедицинско потпомогнато оплодување, ќе добијат уште една можност да имаат втор обид на трошок на РФЗО.

Таа рече дека ќе се работи на мотивирање на работодавачите да ги користат законските олеснувања за вработените кои се родители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...