ЕУ за да ги укине визите за Косово бара исполнување на уште еден услов

Канцеларијата на Европската унија во Косово, предводена од Наталија Апостолова, ја поздрави ратификацијата на Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница, нарекувајќи го значаен момент за Косово и неговите граѓани.

Во соопштението се наведува дека ратфикацијата на договорот е конкретен пример на посветеноста на Косово за добри односи со соседите, како и исполнување на еден од двата простанати критериуми за визна либерализација за Косово.

- Би сакале да ги искажеме нашите срдечни честитки до пратениците на Косово, кои го направија тоа можно. Процесот беше долг и понекогаш проблематичен, но на крајот беше постигнат вистинскиот резултат за народот на Косово. Сепак, со жалење гледавме како дискусијата во Собранието беше попречена од континуираните напори за прекинување на процедурата со фрлање солзавец. Силно ги осудуваме сите акти на насилство против пратениците на Косово, таквите практики немаат место во политички дискусии, се посочува во соопштението.

Но, според соопштението за медиумите, потребни се резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како втор критериум за укинување на визите.

- Се надеваме и очекуваме дека меѓупартиската соработка за ратификација на договорот за демаркација ќе биде знак за идните потези во прашањата од големо значење за Косово. Сега, вниманието треба да се фокусира на зајакнување на резултатите од борбата против организираниот криминал и корупцијата. Очекуваме сите партии да продолжат со напорна работа и напори за исполнување на преостанатиот критериум за визна либерализација и за унапредување на европската перспектива на Косово, се наведува во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...