Ердоган најави нови апсења на „ѓуленисти“ во Косово

 Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на собир на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) најави нови апсења на „ѓуленисти“ во Косово.

Ердоган истакна дека апсењето на петмината професори и еден доктор во Косово на 29 март, нема да биде последна операција против „балканските структури на терористичката организација“ на исламскиот проповедник Фатулах Ѓулен во оваа држава.

Сите уапсени се обвинети за врски со движењето на Ѓулен и за директна поврзаност со обидот за пуч во Турција во јули 2016 година.
Ердоган ја поздрави и операцијата на турската Национална разузнавачка служба (МИТ) во централноафриканската држава Габон, во која беа уапсени три лица, осомничени за поврзаност со движењето на Ѓулен.

Тројцата турски државјани уапсени во Габон се префрлени во Турција, каде ќе им се суди за поврзаност со Ѓулен, кој веќе неколку години живее во доброволен егзил во САД и кого Анкара го обвинува дека е организатор на неуспешниот обид за воен удар од 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...