Вучиќ: Посетата на Туск е „добра вест“ за Србија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по вчерашната посета на Тирана и Подгорица денеска ќе претстојува во Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ посетата на Туск ја оцени како „голема чест и добра вест“ за Србија.

- Туск е сериозен човек, кој одлично ги разбира работите во Европа и во Балканот, изјави синоќа Вучиќ, додавајќи оти разговорите нема да бидат лесни за сите прашања.
Претседателот на Европскиот совет по посетата на Србија утре ќе ги посети Косово и Босна и Херцеговина.
Туск посетата на балканските земји ја завршува на 27 април во Скопје, каде ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин е претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, а предвидена е и средба со премиерот Зоран Заев.

Турнејата на Туск по земјите од Западен Балкан е подготовка на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржина 17 мај во Софија.

Од почетокот на 2018 година Западен Балкан го посетија претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...