Албанските политичари во Косово нудат војна, наместо подобар живот за сите

 Најголемата партија на Србите во Косово, Српска листа, смета дека, „во неможност да понудат подобри услови за живот за сите граѓани на Косово“,политичките претставници на Албанците на граѓаните им нудат „војна и сепаратистички приказни“, јавува дописникот на МИА од Приштина.

- Така, тие денеска изјавија дека за Приштина војната со Србија не е завршена, поради што очекуваме итна реакција на меѓународната заедница, се вели во соопштението на Листата по вчерашното одбележување на 140-годишнината од Призренската лига.

Според оваа партија, таквите изјави на некои од говорниците на вчерашната свечена седница на Собранието во Призрен, се опасни за мирот и безбедноста на Балканот.

Партијата на косовските Срби го повтори своето спротивставување на формирањето војска на Косово, затоа што, според неа, „тоа е спротивно на Резолуцијата 1244 на Обединетите нации и на Договорот од Куманово, но и на интересите на српскиот народ во Косово и на српската држава“.

На свеченоста во Призрен вчера беше речено дека косовските Срби ја поддржуваат трансформацијата на Заптитните сили во Војска на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...