Дачиќ: Поради Косово се фаќаме и за скршена сламка

Сите ние кои сме на власт, но и оние кои сега се во опозиција, носиме одговорност, напиша српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во авторски текст за денешниот број на весникот „Курир“, додавајќи дека опозициските лидери, поранешниот претседател Борис Тадиќ, некогашниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас и екс-шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ „изгледа заборавиле што значи тој збор“.

- За разлика од нив, актуелната власт на чело со Александар Вучиќ, чиј дел сум и јас и мојата партија, е подготвена да се справи со сите тешки одлуки, истакнува Дачиќ.
Тој додава дека иако изгледа како „сизифова работа", нивна работа е никогаш да не се откажат, колку и сето тоа да изгледа безнадежно.

- Тоа не е само фраза, тоа е суштината... Лесно е да се каже: оваа власт го продава Косово, оваа власт води катастрофална економска политика или Дачиќ пее. Господа, вие, кои критикувате, ... ви велам: Ако бевте малку поодговорни, сега можеби немаше да имаме толку пропуштени шанси за Косово, што сега претседателот и Владата се фаќаат за сламка, која е скршена на неколку делови, за Србија нешто да добие, вели Дачиќ.

- За разлика од некои, моето пеење и тоа пред странски дипломати, не наштети, туку помогна, и факт е дека дипломатската активност е попризнаена од кога било. Ви пречи кога Дачиќ пее, а не ви пречи кога тоа го правеа Путин, Обама или кога Клинтон пееше, истакнува шефот на српската дипломатија.

Според него, нормално е луѓето да критикуват, така се стигнува до подобри решенија, но не и взаемно да се мразат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе на час по македонски.
- Трпе, составот за домашните миленици е ист како на брат ти.
- Е па што да правам кога имаме исто куче!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија - Смоквица од страна на...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на слепите
- Меѓународен ден на пешачењето
70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиус...
1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажа од...
1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар,...