Ципрас: Имаме добар договор

- Атина и Скопје постигнаа историски договор за решавање на дводеценискиот спор околу името, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.



- Носам добри вести. Пред малку стигнавме до договор со премиерот на поранешната југословенска Република Македонија, му рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на претседателот Прокопис Павлопулос на почетокот на нивната средба во претседателската палата за да го извести за постигнатиот договор.

Среќен сум бидејќи имаме договор што ги покрива сите предуслови што ги постави грчката влада, рече Ципрас и додаде дека договорот е за сложено име со географска одредница, за севкупна употреба ерга омнес што предвидува уставна ревизија.



- Најважно според мене е дека имаме договор што предвидува и промени во Уставот освен името што се однесуваат на оние точки во кои постоеше, постојат наводи што шират иредентизам, како во преамбулата така и во други делови и сметам дека ове е особено важно, но најважно од се е дека со овој договор се обезбедува, го заштитува историското наследство на античката грчка Македонија, нешто што е многу важно, објасни Ципрас на почетокот од средбата со Павлопулос.

Грчкиот премиер рече дека договорот во грчкиот парламент ќе дојде откако македонската страна ќе ги исполни сите предвидени обврски, меѓу кои и уставната ревизија.

- Овој договор, овој добар договор кој во голема мерка е позитивна разврска за нашиот регион, прво ќе треба да се имплементира од нашите соседи за веднаш потоа да го сториме тоа ние, додаде Ципрас.

Претседателот Павлопулос, пак, рече дека сега останува на соседната земја да го исполни тоа на што се обврзала со договорот, како што е промена на Уставот.

- Предуслов за било каков договор е ревизија на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија, а од тука ќе се оцени договорот што ќе дојде за ратификација во парламентот. Од промените што ќе се направат ќе се види дали од соседната земја ќе се исполнат обврските што сега ги презема, рече Павлопулос.

Грчкиот претседател беше првиот кого Ципрас го информираше за договорот, а веднаш откако заврши средбата започна циклус телефонски разговори со лидерите на политичките партии. Грчкиот премиер од претседателот на парламентот ќе побара да закаже расправа за постигнатиот договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...