Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите

Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот на областа Западна Македонија, Теодорос Карипидис, кој му предаде резолуција од регионалниот совет во која се изразува несогласувањето на граѓаните со договореното сложено име со географска одредница, ерга омнес.

Карипидис, паралелно, го извести Коѕијас за протестите и повредените, на што шефот на грчката дипломатија коментираше дека бил мал бројот на демонстрантите,заклучи дека Грците ги кршат стереотипите и се запраша „дали било протест или обид да се спречи потпишувањето на договорот“.

- Локалното население овде не треба да протестира, бидејќи ако имаат можност за развој и да имаат добивка во животот, тоа е оваа соработка меѓу државите, му порача Коѕијас на префектот во кусиот дијалог камерите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...