Вулин: Испраќањето црногорски офицери во Косово е непријателски чин

„Непријателски чин“ е одлуката за испраќање на двата офицери во Косово, без консултација со Србија, изјави денеска на ТВ Пинк српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Тој додаде дека двајцата офицери на Војската на Црна Гора доаѓаат во мисија на КФОР за да ја поддржат косовската независност, а не да ги заштитат Србите.
- Основен ред е Србија да се консултира по ова парашање, да се покаже почитување кон Србија со која мора да живеете. Кога сте соседи, логички е да водите сметка за интересите на оној кој живее покрај вас, а тоа го нема кога испраќате свои офицери не прашувајќи ја Србија и кога свесно ја газите неутралноста на КФОР, говорејќи дека Косово е држава, изјави Вулин.

Тој со оваа изјава се надоврза на вчерашната порака на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој исто така изјави дека „не е пријателски чин тоа што Црна Гора испраќа свои војници на Косово“.

Вучиќ додаде дека „Не не прашаа, но тие тоа го можат и го знаат нашиот став за Косово. Тоа што тие нешто значајно ќе работат, еден, двајца или тројца офицери, тоа е без врска, тоа на ништо нема да му служи, освен да ја исполнат задачата која ја добија од НАТО, изјави Вучиќ.
На овие изјави од Србија околу испраќањето на двајцата црногорски офицери им претходеше пораката од Подгорица на министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, дека „Црна Гора не ја издала Србија, бидејќи не е дел на Србија, за да може да ја издаде“.

Тој додаде дека реакцијата од Србија е „емотивна и лична, пре него ли што е втемелена на реалноста и на аргументите“.

- Сметаме дека треба активно да се вклучиме во прашањето на регионалната безбедност. Сакаме одвнатре да ја согледаме состојбата со безбедноста во Косово. Затоа нашата одлука е исправна и единствено можна, истакна црногорскиот министер за одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...