Повеќе Срби бараат да влезат во косовските безбедносни сили, одошто да ги напуштат

 Заменикот министер за Безбедносните сили на Косово (ФСК), Агим Чеку изјави дека надлежните органи ги идентификувале лицата кои, по инструкции од властите во Белград, им се закануваат и ги уценуваат Србите кои се припадници на ФСК истото да го напуштат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Чеку во интервју за телевизијата Т7, синоќа рече дека тие лица главно вршат притисок врз родителите на припадниците на косовските сили за да ги убедат своите деца да излезат од ФСК.

- Уценувачите и заканувачите се идентификувани и органите на редот се занимаваат со нив, рече Чеку, имплицирајќи дека сета работа се координира од официјален Белград.

Според поранешниот премиер и поранешен министер за ФСК, поголема е бројката на Срби кои секојдневно се пријавуваат за служење во косовските сили, одошто на оние кои бараат да ги напуштат.

Освен тоа, рече Чеку, и повеќето од оние кои имаат поднесено барање за ослободување од службата, продолжуваат секојдневно да доаѓаат на работа.
Медиумите во Косово и Србија информираат дека во изминатите десетина дена околу 40 косовски Срби поднеле барање за ослободување од службата во Безбедносните сили на Косово.

Според косовските власти и медиумите на албански јазик, тие во образложенијата навеле дека не можат да го издржат притисокот и заканите од српските власти и од паралелни српски структури во Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...