Харадинај бара политичко примирје со Србија

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, на крајот на самитот за Западен Балкан во Лондон, информира дека на тамошните средби со високите претставници на Европската унија (ЕУ) го покренал прашањето на притисок што Србија го врши врз косовските Срби за напуштање на Безбедносните сили на Косово (ФСК), јавува дописникот на МИА од Приштина.

- Ја разбираме чувствителноста на односите меѓу Косово и Србија, на дијалогот, и подготвени сме да ги зачуваме овие односи. Но, потребно ни е политичко примирје – ако сакаме да има дијалог, треба да има и политичко примирје, изјави Харадинај за приштинската КТВ.

За вчерашните случувања, околу приведувањето на петмината Срби, осомничени за загрозување на безбедноста и уставниот поредок на Косово, Харадинај рече дека тоа е „реакција на инситуциите на редот и законот, по дојави од граѓани од српска националност дека добиле закани“.

- Секогаш се потребни две страни. Не може да се префрли одговорноста единствено на Косово, рече косовскиот премиер.
Косовската полиција вчера во Гњилане уапси пет лица за кои смета дека вршеле притисоци, им се заканувале и ги уценувале Србите припадници на ФСК за да ја напуштат таа формација.

Подоцна во текот на денот тие беа ослободени, по заканите од Белград дека ќе го прекине дијалогот со Приштина на неопределено време доколку петмината не бидат пуштени од притвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...