Британски извештај: На Западен Балкан ќе му требаат децении до стандардите на ЕУ

На Србија и другите држави на Западен Балкан ќе им биде потребно 50 или 60 години да го достигнат животниот стандард на ЕУ, се наведува во извештајот на британскиот Комитет за надворешни работи објавен пред неодамнешниот Самит во Лондон, јави „Блиц“.



Перспективата на шесте земји од Западен Балкан кога станува збор за членство во ЕУ, во овој извештај е многу мрачна, а меѓу големиот број пречки, освен хроничната економска стагнација, се спомнуваат и постојаните билатерални спорови и етнички конфликти.

- Западниот Балкан од насилните конфликти во 90-тите години надмина многу проблеми, но тука завршуваат добрите вести од овој регион. Тој останува оптеретен со испреплетени проблеми. Сето ова не може да се земе здраво за готово. Проблемите во меѓувреме се влошија, а локалните елити имаат интерес да задржат статус кво, се наведува во документот.

Во извештајот на Британскиот комитет се констатира и дека пред помалку од 25 години на Западен Балкан имало војна, како и дека се случило „најекстремното насилство кон цивили во Европа од крајот на Втората светска војна“.

Во документот се цитира и Димитар Бечев од Универзитетот во Северна Каролина.

- Надминати се многу проблеми кои во 90-тите години доведоа до насилни судири, но добрите вести тука завршуваат. Ситуацијата на Западен Балкан се уште ја отежнуваат билатералните спорови и етничките конфликти, наведе Бечев.

Во британскиот извештај исто така се споменува и не толку големата популарност за проширувањето на ЕУ меѓу граѓаните во државите членки, јави Танјуг.

Директорот на агенцијата Нова Европа од Кембриџ, Тимоти Лес вели дека 59 проценти од граѓаните поддржуваат прием на нови членки, додека 49 проценти се апсолутно против.

- Судејќи според сегашниот тренд, на Западен Балкан ќе му требаат децении да се приклучи во ЕУ, оцени Лес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...