Харадинај, Весели и Лимај за малку ќе завршеа во Србија

Косовската делегација која вчера отпатува за Брисел со приватниот авион на министерот за надворешени работи Беџет Пацоли, а во чиј состав беа и претседателот на Собранието, Кадри Весели, премиерот Рамуш Харадинај и вицепремиерот Фатмир Лимај, за малку ќе завршеше во Србија, каде што за последниве тројца поранешни челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) е распишано потерница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Директорот на телевизијата Клан Косова, Батон Хаџиу, кој бил заедно со нив во авионот, изјави за медиумите дека инцидентот се случил поради невнимание на контролната кула на аеродромот во Тирана, кој ги упатил на воздушна линија која ќе го однела леталото на територија на Република Српска, чиј воздушен простор го контролира Србија.

- Целата ситуација можеше да доведе до дипломатски инцидент, бидејќи српските надлежни органи можеа да го приземјат авионот и да ги уапсат косовските челници како поранешни водачи на ОВК, рече Хаџиу.

Грешката на време ја забележал самиот Пацоли, кој му наредил на пилотот да се врати во Тирана, од каде што подоцна синоќа преку воздушната линија на италијански Бриндизи заминале за Брисел.

Косовскиот државен врв, предводен од претседателот Хашим Тачи, се наоѓа во Брисел на нов круг преговори со Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...