Балканот има проблеми, но сите ја сакаат Црна Гора

Сите ја сакаат Црна Гора без оглед на тешкотиите на Балканот во изминатите години, изјави гувернерот на американската сојузна држава Мејн, Пол Лепејџ.



- Тоа е добро, затоа што ако Црна Гора е пријател на сите, Мејн сака да биде партнер на Црна Гора, рече Лепејџ за време на посетата на Подгорица, информира официјалната интернет страница на американската Амбасада во градот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека народот во Црна Гора е „многу агресивен“.

- Црна Гора е мала држава со многу силни луѓе. Тие се многу агресивни луѓе, можат да станат агресивни и тогаш, честитам, ние сме во Трета светска војна. Меѓутоа, тоа е начинот на кој функционира НАТО, изјави американскиот претседател за „Фокс Њуз“ во врска со Алијансата.

Црна Гора и Мејн имаат партнерство кое трае веќе 12 години, а прво, како што кажа гувернерот, партнерството почна како помош при природни катастрофи и при управување со вонредни ситуации, како и во областа на безбедноста на границите и соработката со полицијата.

- Сметам дека како што се развива соработката, така влегува во нова фаза. Пред се мислам на соработката во областа на образованието, културата и економијата. Се надевам дека нашите две држави, Мејн и Црна Гора, ќе развијат добри економски, трговски односи. Ние наскоро ќе почнеме со продажба на црногорски вина во Мејн, така што го почнуваме и тој вид соработка, рече Лепејџ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...