Османи: Тачи одново го отвора прашањето на статусот на Косово

Пратеничката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и претседател на Комисијата за надворешни работи во Собранието на Косово, Вјоса Османи, вели дека претседателот Хашим Тачи дава знаци дека одново го отвора прашањето на статусот на Косово во финалната фаза на преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за денешниот број на „Зери“, Османи вели дека Тачи еднострано и без поддршка од Собранието го презел водењето на дијалогот со Србија, што е неприфатливо за нејзината партија.

- ЛДК има јасно дадено до знаење дека не го поддржува Тачи за главен преговарач и неговите изјави дека не прифаќа црвени линии, ниту пак упатствени принципи за преговорите, се многу опасни. Фактички, Тачи, без да добие мандат од никого, дава знаци дека го отвора од почеток прашањето на статусот на Косово, изјави Османи.

Таа нагласува дека промената на границите е неприфатлива, бидејќи ќе го дестабилизира регионот, додека евентуалната автономија за косовскиот север би завршила со поделба на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...