Тачи е лицемер кој сега ликува

Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ синоќа ја искоментира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за непроменливост на границите на Западен Балкан.

-Каков лицемер. Прво со оружје, по насилен пат и преку злосторства ги уриваше границите, а сега е за неменување на границите. Кои граници? Кога тоа постоеше граница меѓу Србија и Косово?, праша Дачиќ, коментирајќи го за ТАНЈУГ твитот Тачи, со кој тој го поздравува ставот на германската канцеларка Ангела Меркел за немеливост на границите на Западен Балкан.

Дачиќ додадед дека и тој е „за непроменливоста на границите преку насилен пат...Најпрво ги уништивте границите на Србија, а сега се сетивте дека нема повеќе промена на границите“.

Истакнувајќи дека Косово не е меѓународно призната држава, Дачиќ додаде дека „не му вреди на Тачи што ја повикува Меркел да изврши притисок врз пет земји членки на ЕУ, кои не го признале Косово".

- Процесот на повлекување на признавањето ќе продолжи. Оној кој го признал Косово, нема право да зборува за непроменливоста на границите. Не сум изненаден што Тачи го прави тоа, зачудувачки е тоа што Ѓилас, Јеремиќ, Обрадовиќ, Чеда Јовановиќ и други се уште не испратија знаци на благодарност, бидејќи заклучија дека Меркел е против идејата на Вучиќ и со должна скромност и мојата идеја. Повиците за државен удар и омразата кон Вучиќ, ,забрзано преоѓаат кон омраза и на српските државни интереси, заклучи Дачиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...