Харадинај го предупреди Тачи: Преговарањето за прекројување на границите е национално предавство

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај уште еднаш се спортивстави остро на најавите на претседателот на државата Хашим Тачи за корекција на границите со Србија, порачувајќи дека таквите обиди претставуваат национално предавство и дека „секој кој посакува поместување на границите треба да знае дека повикува на нова војна“.

- Никој нема право да расправа за границите на Косово и доколку некој се обиде тие граници да ги помести, тој врши национално предавство, изјави синоќа Харадинај во интервју за приштинската КТВ, додавајќи дека дејствијата во правец на промена на границите неминовно водат кон нова војна.

Харадинај, како што јавува дописникот на МИА од Приштина, рече дека припојувањето на Прешевската Долина кон Косово, за што се залага Тачи под декларативната заложба за „корекција на границите“, е нешто неостварливо и дека е „погрешно поврзувањето на темите како што е признавањето меѓу Косово и Србија со териториите, бидејќи такво нешто е невозможно“.

Претседателот Тачи, според претседателот на косовската Влада, ја има довербата на косовските институции во однос на дијалогот за меѓусебно признавање со Србија, но не и за да расправа за редефинирање на границите.

- Признавањето треба да биде меѓу двете држави во постоечките граници, без никакво поместување, рече Харадинај.

Косовскиот премиер порача дека „никој нема мандат да преговара за територијата на Косово“.

- Дијалогот е политички и е само за обострано признавање. Желбата постои, но да ја помести територијата на Косово нема мандат ниту претседателот Тачи, ниту било кој друг. Ќе ја прифатиме Прешевската Долина со задоволство доколку Србија доброволно ни ја даде, но никој нема право да преговара за територијата на независната држава Косово, прогласена на 17 февруари (2008-ма). Ние не говориме за желби, туку за реалност која е создадена со војна. Имаме изгубени животи за оваа реалност и за овие граници, рече Харадинај.

Тој во неколку наврати во текот на интервјуто за КТВ рече дека преговарањето за територии и граници претставува национално предавство.

- Никој нема мандат да зборува за границите. Јас не смеам да разговарам за границите. Претседателот Тачи не смее да разговара, премиерот не смее, ниту претседаелот на Собранието (Кадри) Весели не смее да разговара за територии. Нема дијалог кога се зборува за територии. Тоа е повик за војна. Повредата на територијата на државата значи војна, порача Харадинај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...