Баша:Албанија ја дестабилизира криминалот, бидејќи тој владее со неа

Албанската опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша ја бојкотира и денешната,втора,седница на Парламентот,по летните одмори,на која меѓу другото се расправа по ребалансот на буџетот за 2018 година.

Раководствата на опозициските партии и пратениците средба одржаа во Елбасан на која демократскиот лидер,Баша рече дека криминалот владее со Албанија.
- Албанија ја дестабилизира криминалот, бидејќи тој владее со неа. Премиерот им ја предаде контролата во земјата на криминалците и нивните соработници,како што е министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај, обвини Баша.

Според него Рама „ќе ги остави недопрени и криминалните семејства во Скадар идентично како оние во Елбасан,кој е симбол на поврзаноста на власта и криминалот“.

- Елбасан е главен град на криминалот, епитет кој ни најмалку не го залужува овој град и неговите граѓани, кои имав можност да ги запознаат од блиску, бидејќи се исполнети со вредности. Елбасан страда од ковладеењето со криминалот,обвини Баша,посочувајќи повеќе имиња од власта но и братот на премиерот Рама.

Тој не верува дека полицијата ќе стори нешто и во Скадар,зашто отако ќе се пофали со запленувања на автомобили и неколку апсења, криминалците ќе ги остави „да продолжат со нивната активност“.

- Откако ги преплавија провладините портали и екрани со бомбастични наслови за запленети толку и толку блиндирани возила и приведени толку лица,само за да покажат дека нешто се движи а што следуваше откако опозицијата го осуди присуството на блиндирани возила сопственост на криминалните семејства во Скадар, ќе ги остават на мира да продолжат со криминалот,- изјави Баша.
Тој најави дека опозицијата подготвува платформа за излез од создадената ситуација во земјата.

Опозицијата ја бојкотираше и првата седница на Парламентот ,по летните одмори, што се одржа на трети септември.Тогаш таа одржа средба во северниот град Скадар,каде во последните три месеци забележан е рапиден раст на криминалните дела, меѓу кои и шест,како што ги нарекуваат, мафијашки убиства,две изчезнати лица и неколку киднапирани деца,кои се ослободени откако за нив е платен откуп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...