Дачиќ: Би било политичко самоубиство да ги расипаме односите со Русија

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека фактот што Србија гради добри односи со САД не значи и дека ќе ги расипе односите со Русија, меѓу другото и поради тоа што Москва има силна позиција во ОН и го спречува влезот на Косово во Светската организација со ставањето вето во Советот за безбедност.

Тој истакна дека српската политика е заснована на сопствените интереси и дека Србија треба да има добри односи со сите светски сили со кои тоа е можно.

- Нашиот интерес е да имаме што подобри односи со САД. Меѓутоа политиката понекогаш се одвива во бранови, а ние не дозволуваме брановите да не однесат на другата страна. Ако градиме добри односи со САД, тоа не значи дека ќе ги расипаме односите со Русија. Да ги расипаме односите со Русија би било политичко самоубиство, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Дачиќ се осврна и на говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ во Косовска Митровица, во делот во кој тој говореше за поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

- Несоодветно е да се споредат говорите на претседателот Александар Вучиќ во Косовска Митровица со поранешниот претседател Слободан Милошевиќ на Газиместан, бидејќи сосема е поинаков историскиот контекст во кој се одржуваа овие говори, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Милошевиќ бил првиот кој ги посочил проблемите на Србите во Косово, бидејќи прв ја поддржал САНУ, за разлика од другите официјални лица кои ја критикуваа САНУ поради српскиот национализам.

- Состојбата беше поинаква, се уште постоеше Југославија, социјализмот, Студената војна, Србија само што го смени Уставот, тоа беше поинакво време, но Милошевиќ ниту тогаш не кажа дека Србија ќе води некоја војна. Тој ги спомена битките, но не и вооружените додавајќи дека ни тие не се исклучени. Можеме ли ние денес да кажеме дека сите овие битки се исклучени, рече Дачиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...