Јункер: ЕУ да дефинира „неотповиклив“ став за проширувањето кон Балканот

 Во своето годишно обраќање пред Европскиот Парламент за „Состојбата на ЕУ“, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди на надворешните влијанија на Балканот.

- Мораме да го дефинираме на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Валкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави Јункер во својот говор.

Јункер истакна дека досегашните проширувања на ЕУ ги оценува како успешни, но дека се уште „останува да се прават напори“, алудирајќи на проблемите со владеењето на правото во повеќе источноевропски земји како Унгарија, Полска и Романија.

Минатата година, првиот човек на ЕК побара да му се пружа „кредибилна перспектива“ на регионот на Западен Балкан.

- Ако сакаме повеќе стабилност во нашето соседство, тогаш мораме да одржиме кредибилна перспектива за проширувањета кон Западниот Балкан, рече Јункер.
Тој тогаш посочи дека е „јасно оти нема да има нови проширувања за време на мандатот на оваа Комисија и Парламент“, затоа што “ниту еден кандидат не подготвен“.

Денешниот говор на Јункер беше фокусиран на предизвиците со кои се соочува Европската Унија, но не ги формулираше сите предлози што беа очекувани, како на пример федерализација на пограничната полиција со цел справување со миграциските текови. Тој сепак најави дека ЕК ќе предложи зголемување на оваа служба на 10 илјади полицајци до 2020 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...