Европратеникот Мандел до Косовците: Не помислувајте на азил во ЕУ по укинувањето на визите

Приштина, 18 септември 2018 (МИА) – Пратеникот во Европскиот Парлемент (ЕП) Лукас Мандел им порача на граѓаните на Косово дека по укинувањето на визниот режим, што се очекува во наредните неколку месеци, воопшто нема да имаат изгледи да добијат азил во земјите на Европската унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Приштина.
- Нема никакви шанси за азил, затоа што Косово е стабилна земја, изјави Мандел на денешната, втора, сесија на Парламентарната комисија за стабилизација и асоцијаци ЕУ-Косово, што се одржува во Приштина.
Пратеничката во косовското Собрание Блерта Делиу – Кодра, која е претседател на собраниската Комисија за евроинтеграции, го поздрави галсањето за визна либерализација за Косово во ЕП и побара од европратениците подддршка и во натамошните пороцедури во ЕУ до конечното укинување на визите.
Делегација на ЕП, предводена од хрватскиот дипломат Тонино Пицула, од вчера престојува во Косово, со цел да се запознае со напредокот на земјата во исполнување на обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ.
На вчерашната прва сесија на заедничката Парламентарна комисија присуствуваше и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој се заблагодари на европратениците за минатонеделното изгласување на одлуката за визна либерализација и ја нагласи посветеноста на неговата Влада на европската агенда која произлегува од ДСА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...