Тачи е сигурен дека Србија ќе го признае Косово

Приштина, 18 септември 2018 (МИА) – Претсдедателот на Косово Хашим Тачи вели дека е сигурен дека Косово ќе биде признаено од Србија, без оглед на тоа што шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека то може да се случи „само кога врбата ќе роди грозје“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Изјавата на Дачиќ, според косовскиот претседател, е едноставно изборна парола.
- Не сакам да ги коментирам изборните изјави во Србија, но ние во Косово треба да се фокусираме на постигнувањето договор, изјави Тачи на денешната прес-конференција, на која порача дека „ниту Србија не може да направи ниеден чекор напред кон евроинтеграциите без мировен договор со Косово“.
Тачи и денеска ја повтори неговата заложба за „корекција на границата“ со Србија, под што тој подразбира припојување кон Косово на Прешевската Долина, регион во јужна Србија населен со мнозинско албанско население. Тоа, според него, не значи дека ќе има размена на територии, односно Косово за возврат нема да го даде на Србија својот северен дел, населен со српско мнозинство.
Косовскиот претседател рече дека не верува оти некој од водачите на државните институции е против обединувањето на Прешевската Долина со Косово.

- Носителите на институциите во Косово се единствени во уверувањето за неопходноста од дијалог и постигнување договор на Косово со Србија, кој подразбира меѓусебно признавање, изјави Тачи, нагласувајќи дека корекцијата на границата ќе придонесе за постигнување на оваа конечна цел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...