САД: Поддршка на дијалогот Белград-Приштина, нема паралела со Република Српска во БиХ

Белград, 19 септември 2018 (МИА) - САД го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина и за САД не постојат никакви паралели помеѓу Косово и Србија со Република Српска (РС), изјави денеска амбасадорката на САД во Босна и Херцеговина Морин Кормак.
- Она што ние го поддржуваме, кога е во прашање Косово, е дефинитивно дијалогот, за кој сметаме да треба да се води се додека не се дојде до решение, кое ќе биде плод на заеднички договор и на двете страни. Ние секако дека ја поздравуваме улогата која ја има ЕУ во тие разговори, изјави Морин Кормак за Радио Слободна Европа.
Коментирајќи го зачестеното споменување за нови разграничувања во регионот, како она меѓу Косово и Србија, а во контекст на домино ефектот кој би можел да се одрази на Република Српска, таа одговори дека политиката на САД е повеќе од јасна и доследна-не постојат никакви паралели помеѓу Косово и Србија и РС.
- Нашата политика е доследна кога е во прашање поддршката и посветеноста на суверенитетот и на територијалниот интегритет на БиХ. Таа е единствена држава која се состои од два ентитети. Според Дејтонскиот мировен договор, БиХ во својата структура се состои од два ентитети и тие, според овој договор немаат право на отцепување, укажа американската амбасадорка во БиХ.
Таа ја оцени како загрижувачка атмосферата во БиХ во пресрет на изборите.

- Загрижувачки е што политичарите се користат со лаги и страв како основа на кампањата, наместо на реални работи и на оние прашања кои навистина ги загржуваат граѓаните, изјави Морин Кормак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...