Скат: Три предизвици за регионот на Западен Балкан

Белград, 19 септември 2018 (МИА) - Американскиот амбасадор во Србија Кајл Скат изјави дека земјите од Западен Балкан имаат три предизвици - името на Македонија, нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и воспоставување на функционална држава во БиХ, истакнувајќи дека суштинската улога на Србија е да биде столб на стабилноста во регионот, за што ја имаат поддршката од САД.
Скат, на Меѓународниот форум „Безбедоносни предизвици на Западен Балкан и Србија“, изјави дека неговата главна порака на форумот е дека поделбите не се непомирливи и дека регионот не е осуден на борба засекогаш.
- Ниту една нација, земја, континент не е осудена од некоја сила, за никогаш да не се промени. Народите и државите одлучуваат за иднината и се свртуваат кон просперитетот, рече Скат.
Американскиот амбасадор кажа дека лидерите на Македонија и Грција покажаа храброст со постигнувањето на договор за името на Македонија, кој донесе нова ера во напредокот на европските интеграции и членството во НАТО.
- Напредокот на БиХ ќе оди побавно, но претстојните избори ги гледаме како можност за нова динамика, оцени Скат и потсети дека и во Белград и во Приштина се говори за сеопфатна нормализација на односите.
Верувам дека на Белград и на Приштина треба да им се даде простор за флексибилни, одржливи, применливи решенија и за зајакнување на безбедноста на Србија и Косово, рече Скат.
- Претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи ја имаат нашата целосна поддршка, рече американскиот амбасадор во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...