Тачи бара одлуките што ќе ги потпише со Вучиќ да не се ратификуваат во Собрание

Приштина, 21 септември 2018 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи се обидува да издејствува право да потпише договор со Србија за конечно решение на споровите меѓу двете земји без тој договор да се ратификува во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
За да го избегне гласањето во Парламентот за тоа што како главен косовски преговарач ќе го договори со неговиот српски колега Александар Вучиќ, а за што се потребни гласовите на две третини од пратениците, Тачи побара од Уставниот суд на Косово толкување на членот 18 од Уставот, со кој се регулира донесувањето меѓународни и меѓудржавни договори на земјата.
Во барањето за толкување на овој член од Уставот, Тачи се повика на практиката за склучување договори меѓу Косово и мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово - ЕУЛЕКС, што се реализира со писма на намери меѓу двата субјекти, кои беа потпишувани од шефот на косовската држава и оној на Еулекс. За ваквиот билатерален договор со ЕУ не е предвидено гласање.
Меѓутоа, како што коментираат приштинските медиуми, членот чие толкување го бара Тачи од Уставниот суд, предвидува дека за сите прашања што се однесуваат на меѓународни договори кои се однесуваат на територијата на Косово, мирот, сојузништвата, прашањата од сферата на одбраната и безбедноста и слично, мораат да бидат ратификувани во Собранието на Косово со двотретинско мнозинство.
Барањето на Тачи за толкување на споменатиот член на Уставот, Уставниот суд го препрати до Собранието на Косово, по што парламентарниот спикер Кадри Весели синоќа им го поделил на пратениците, кои за тоа треба да се изјаснат до 28 септември.
Повеќе медиуми и аналитичари во Косово тврдат дека, со ваквиот притисок врз Уставниот суд, Тачи се обидува да обезбеди терен за да ги спроведе во дело неговите и намерите на неговиот српски колега Александар Вучиќ за постигнување конечно решение за споровите меѓу двете држави преку размена на територии.
Прекројувањето на границите меѓу двете земји, што би подразбирало кон Косово да се припои Прешевската Долина, а кон Србија делови од северно Косово, Тачи го нарекува „корекција на границата“, а Вучиќ „разграничување со Косово“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...