Да има моќ Круемади би го разрешила сопругот Мета од претседател на државата

Тирана, 21 септември 2018 (МИА) - Претседателката на третата по голема албанска политичка партија, Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Круемади изјави дека доколку би имала 92 пратеника ќе го разреши Илир Мета од фунцијата претседател на државата.
Според неа, Мета, кој е нејзин сопруг, е виновен за состојбата низ која минува државата.
- Да имав 92 пратеника ќе го разрешев претседателот со мотивација дека му дава моќ на лидерот на криминалот Еди Рама, изјави Круемади гостувајќи во емисијата „Опен“ на тиранската телевизија Топ чанел.
Круемади, која Мета го наследи на лидерската функција во партијата, по неговиот избор за претседател одби да се откаже од политиката и да биде прва дама на Албанија. Таа функција ја „презеде“ нивната повозрасна ќерка Бора (20).
Неодамна на средба со известувачите на мониторинг заедницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Андреј Хунко и Џозеф О`Рајли таа изјави дека состојбата со криминалот во земјата е алармантна, додавајќи додала дека Албанија во моментов „се наоѓа на најопасниот крстопат до сега“.
Поради одлучноста и храброста што ја поседува уште од студентските денови, 44-годишната Моника, ја нарекуваат и железната дама, а позната е и инцидентот во собраниската сала, кога со нејзините чизми го гаѓаше премиерот Еди Рама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...