„Коха Диторе“: Косово со две агенди во Њујорк

Две агенди, спротивни една на друга, ќе бидат спроведувани оваа недела од страна на косовската државна делегација во Њујорк, каде што ќе учествува во работата на Генералното собрание на Обединетите нации, пишува денеска „Коха Диторе“.

Според весникот, во исто време во Њујорк ќе се претстават и претседателот на Косово, со неговата идеја за корекција на границата со Србија во рамките на конечниот договор меѓу Приштина и Белград, и премиерот Рамуш Харадинај, кој е категорично против каква било промена на границите.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, двајцата државни раководители најавија дека работата на Генералното собрание на ОН ќе ја искористат за средби и лобирања кај американските државни претставници и други светски државници.

Според соопштението на Владата, во агендата на премиерот Храдинај е „промоција на достигнувањата на Косово, привлекување на директни странски инвестиции, јакнење на билатералните односи со земјите учеснички и средби со европски и други претставници, со цел зацврстување на меѓународната позиција на Косово“.
Во однос на темата на дијалогот со Србија, портпаролката на Владата, Донјета Гаши изјави дека „ставот на премиерот не се разликува од тоа што го има изјавено досега“ односно дека тој се спротивставува на каква било промена на границите или размена на територии.

Од друга страна, од кабинетот на Тачи изјавија дека и тој во Њујорк ќе продолжи да ја заговара својата идеја за корекција на границата односно за припојување кон Косово на Прешевската Долина, делот од јужна Србија населен со мнозинско албанско население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...