Дачиќ: Политичко решение за Косово е национален приоритет на Србија

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Њујорк изјави дека национален приоритет на Србија е постигнувањето на политичко решение за косовското прашање.



- Бранејќи го својот суверенитет и територијалниот интегритет, Србија го брани меѓународното право, Повелбата на ОН, зачувувањето на меѓународниот мир и безбедност, но и својот национален и историски идентитет, изјави Дачиќ во обраќањето на Самитот за мир, кој се одржа во чест на годишнината од раѓањето на Нелсон Мандела, во пресрет на 73-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ нагласи дека Србија искрено е посветена на мирот и на дијалогот, кој со посредстсво на ЕУ се води помеѓу Белград и Приштина, како и на имплеметацијата на постигнатите договори.

- Водејќи одговорна политика, ќе работиме интересите на нашиот народ, како и регионалниот мир и стабилност, да бидат заштитени. Придаваме посебно значење на делувањето на Мисијата на ОН на Косово и истакнуваме дека статусно неутралното присуство на УНМИК во несмален обем е од суштинско значење за стабилноста и создавањето на услови кои треба да водат во правец на трајно и одржливо решение за косовското прашање, истакна шефот на српската дипломатија.

Тој го осуди тероризмот и сите видови на екстремизам и радикализам кои го загрозуваат мирот и посочи дека Србија е подготвена преку водечката улога на ОН и со партнерите ширум светот да придонесе за сузбивањето на овие закани



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...