Невремето предизвика многу штети на Балканот

Силните ветрови и високите бранови кои во Јадранското Море достигнаа до пет метри височина, предизвикаа прекин на многу фериботски линии во хрватскиот град Сплит.



Температурата во Далмација падна за десет степени, а на Биоково беа измерени само 3,3 степени Целзиусови. Силниот ветер и дожд предизвикаа сообраќаен метеж во Сплит во попладневните часови, со оглед на тоа што на повеќе места имало превртени контејнери и скршени дрва.

Бури со силни ветрови и дождови ја зафатија и областа Макарска. Брзината на ветерот достигнала и до 100 километри на час, а во прекин е и фериботската линија Сумартин-Макарска.

И во Црна гора невремето предизвика големи штети. Комисијата за утврдување на штети ќе утврди колку штета предизвикало невремето што вчера ја зафати Подгорица, соопшти градоначалникот Иван Вуковиќ.

Тој рече дека ќе вложи максимални напори последиците од невремето да бидат што побрзо санирани. Во градот не работеле многу семафори, што предизвикало хаос во сообраќајот. Ветарот, кој дувал со 80 километри на час, предизвикал многу штета на електродистрибутивната мрежа поради што жителите во центарот на Подгорица три часа биле без струја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...