Тачи: Добив американска поддршка за договор со Србија со корекција на границата

Приштина, 26 септември 2018 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој ја предводи делегацијата на неговата земја на Генералното заседание на ОН во Њујорк, изјави дека од претставници на САД, со кои се сретнал, добил уверување дека Вашингтон го поддржува дијалогот што го води со неговиот српски колега Александар Вучиќ и ќе го почитува тоа што Приштина и Белград ќе го договорат, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што објави приштинската ТВ21, Тачи тврди дека на средбите со високи американски претставници му е потврдено дека САД ја прифаќаат и корекцијата на границите како дел од конечниот договор со Србија, доколку тоа се постигне.
- САД потврдија јасно и официјално дека ја поддржуваат и декларираната заложбата дека во случај на постигнување конечно решение меѓу Косово и Србија кое подразбира меѓусебно признавање, тоа би вклучувало и демаркација, односно лесна корекција на границите меѓу државите Косово и Србија, изјави Тачи, додавајќи дека тоа ќе го затвори еднаш и засекогаш прашањето и проблемот на омразата меѓу двете земји.
За разлика од изјавите за домашните медиуми, во официјалните соопштенија од средбите на Тачи во Њујорк, меѓу кои и со американскиот помошник државен секретар Вес Мичел, конгресменот Елиот Енгел, но и со претставници од други земји, воопшто не се споменува дека косовскиот претседател рекол нешто за „корекција на границите“ или размена на териториите со Србија како можно решение за споровите меѓу двете држави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...