Тачи: Историски момент за обединување на Прешевската Долина со Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека постои реална можност за обединување на Прешевската Долина со Косово, со што, според него, би се реализирало легитимното право на Албанците од таа област во јужна Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својот профил на Фејсбук напиша дека во понеделникот и вторникот имал средби со претставници на академскиот свет, бизнисмени, млади, студенти, поранешни борци на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ), на албанската дијаспора, претставници на граѓанското општество и новинари од Прешевската Долина, а главна тема на разговорите било припојувањето на Долината кон Косово.

- Обединувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац беше главна тема на нашите разгвори. Заеднички заклучок беше дека ова е историски момент за заживување на легитимното право на граѓаните на оваа област, во рамките на дијалогот меѓу косовската и српската држава, напиша Тачи.

Тој додава дека на конференцијата на Франкофонијата во Ереван во Ерменија ќе зборува за можноста за корекција на границата, со можност за обединување на Прешевската Долина со Косово.

На заложбите на Тачи се спротивставуваат речиси сите политички субјекти во Косово, како и јавноста, а премиерот Рамуш Харадинај во понеделникот изјави дека „идејата за корекција на границите е мртва“. Тачи реагираше со предупредување до Харадинај дека „ако не се корегира во ставовите и изјавите, може да биде сменет“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...