Уапсен нов осомничен за убиството на новинарката Маринова

Во Германија е уапсено лице осомничено за силување и убиство на новинарката Викторија Маринова (30), соопштија денеска бугарските власти.

Бугарскиот државен обвинител Сотир Цацаров го потврди апсењето на Северин Красимиров, бугарски државјанин, но не сакаше да изнесува детали.



Министерот за внатрешни работи Младен Маринов соопшти дека иследниците нашле ДНК докази на облеката и телото на новинарката која беше убиена во саботата во северниот бугарски град Русе.

- Постојат физички докази за поврзаност со убиството, рече Маринов.

Красимиров, кој е жител на градот Русе, има криминално досие поради кражба на метален отпад.

Маринов додаде дека иследниците разговарале со семејството и пријателите на убиената новинарка и оти „нема очигледна поврзаност со нејзината работа“.

Маринова беше новинарка и уредничка на бугарската телевизија ТВН и известуваше за истрага за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија.

Бугарското обвинителство соопшти дека покренало истрага врз основа на сомнежи за злоупотреба на фондови на ЕУ, додека полицијата го истражува убиството на Маринова.

Маринова минатиот месец водеше емисија за двајца истражувачки новинари кои биле уапсени поради нивната работа на наводи за проневера на фондови на ЕУ.

Бугарската полиција вчера приведе осомничен Романец во врска со убиството на Маринова, но потоа соопшти дека тој ќе биде ослободен и против него нема да биде поднесено обвинение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...