Коѕијас: Оставката е чин на одговорност

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на неговиот официјален Твитер профил пишува за поткопување на честа, репутацијата и достоинството со лаги и клевети и објаснува дека „оставката е чин на одговорност“.



-Со лаги, клевети ја поткопуваат мојата чест, репутацијата и достоинството. Изнудувачи, корумпирани, „пиштоли на системот“ го поткопуваат достоинството и честа на оние кои се противат. Така, удираат по функционирањето на демократијата. Оставката е чин на одговорност, напиша Никос Коѕијас на неговиот официјален Твитер профил, без да прецизира на што и на кој се однесува оваа негова порака.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за твитот на поранешниот шеф на грчката дипломатија, реагираа од опозициската Нова демократија, прашуваат кои се „уценувачите и корумпираните“ и уште еднаш, индиректно, бараат да се објави оставката на Коѕијас.

-Зошто беше отстранет господинот Коѕијас и на кого мисли поранешниот министер кога вели „изнудувачи и корумпирани“ кои “удираат по демократијата“? Сѐ додека не се објавува писмото со оставката на Коѕијас, се потврдува дека Ципрас, Коѕијас и Каменос, меѓусебно се уценуваат за да не се открие вистината, соопштуваат од Нова демократија.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас кој е и лидер на движењето на идеи и активности „Прато“, вечерва ќе одржи говор во Ираклио, на грчкиот остров Крит. Настанот е организиран од неговото движење, а ќе говори на тема „Грција во свет кој се менува“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...