Ципрас: Договорот од Преспа меѓународен модел за решавање на споровите

За Договорот од Преспа како меѓународен модел за решавање на билатералните спорови и за перспективите и можностите што ги отвора на економски план, говореше меѓу другото грчкиот премиер Алексис Ципрас на третиот „Thessaloniki summit“, јави дописничката на МИА од Атина.



– Договорот од Преспа, според мое мислење, може да биде меѓународен модел за решавање на разликите на заемно прифатлив начин. Еден модел за многу измачениот регион на Балканот. Тоа е договор што ја истакнува Грција, што ги заштитува нејзините интереси и права, без да се крие, туку ја гледа вo очи иднината и можностите што ги има пред неа, рече Ципрас.

Грчкиот премиер се задржа на можностите што Договорот од Преспа ги отвара во однос на економијата.

– На пример одлуката што набргу ќе ја донесеме и ќе можеме да ја донесеме веднаш по ратификацијата на договорот од грчкиот Парламент, а се однесува на железничко поврзување на Атина, односно Пиреа – Солун – Скопје – Белград, еден модерен и брз воз што ќе пренесува стоки, но и граѓани. Многу важен проект за регионот. Исто така и проектите што ќе се реализираат врз база на мерките за градење доверба. Одлуката на ЕБРД e да финансира прекугранични инфраструктурни проекти и поврзување за да се поддржи Договорот од Преспа и да се финансираат овие проекти, рече грчкиот премиер во неговото обраќање на самитот.

Во организација на Федерацијата на индустрии од Северна Грција, од вчера, во Солун започна третиот „Thessaloniki summit“ кој оваа година е под наслов „Европската перспектива, поврзаноста, индустрискиот развој и соработката на Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...