Брнабиќ жали што Милошевиќ не ги убил сите за да ја создаде Голема Србија

Коментарот на Красниќи е по повод вчерашната изјава на Брнабиќ дека во Сребреница не се случил геноцид, затоа што, според неа, „геноцид е кога го убивате целото население, жените, децата, а тоа не се случи“.

– Се чини дека нејзе не ѝ е доволно тоа што српската политика не ги уби сите Бошњаци во Босна и Херцеговина, сите Албанци во Косово, сите Хрвати во Хрватска, за да го нарече геноцид. Да се рече дека таа не знае што е геноцид, тоа е малку веројатно, но и таа како и нејзиниот шеф, претседателот (Александар) Вучиќ, жали што режимот на (Слободан) Милошевиќ не го оствари неговиот план да ги убие сите, мажи, жени и деца Бошњаци, Албанци и Хрвати за да ја создаде Голема Србија, напиша Красниќи.

Тој прашува дали доколку беа убиени сите луѓе од тие нации „Брнабиќ и Вучиќ тоа ќе го наречеа геноцид?“.

– По се изгледа така мислат сите кои се на власт во „демократска“ Србија до денес. Оваа изјава на српската премиерка е застрашувачка бидејќи е изречена во континент кој се гордее со своите консолидирани вредности во однос на човековите права и слободи. Изречена е во една земја која предизвика три војни и геноциди, за кои не наоѓаат сили да ги признаат и да направат едно формално извинување, ниту пак да градат нови односи на комуникација и соработка со нациите на кои им должат многу, вели Красниќи.

Тој забележува и дека ниту кај другите, надвор од Србија, не постои решителност за „осуда на српскиот геноцид“.

– Стравот е уште поголем бидејќи ниту политиките на нациите кои го доживеаја геноцидот (посебно Албанците) ниту светските сили кои треба да го гарантираат мирот и безбедноста во светот, не се решителни во осудата на српскиот геноцид во Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска. Напротив, граѓаните на Косово, помалку од два милиони на број, се единствените во овој дел на Европа кои се гетоизирани, напиша Красниќи во коментар кој го објавија приштинските медиуми



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...