Харадинај: Вучиќ нуди признавање на Косово во замена за дел од неговата територија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, со поддршка на Русија, предлага Белград да ја признае независноста на Косово, во замена за дел од неговата територија, тврди косовскиот премиер Рамуш Харадинај во авторски текст за „Вашингтон пост“.



– Србија сака да создаде етнички чиста држава, да им го одземе државјанството на луѓето и да ги протера од нивните домови, наведува Харадинај.

Според него, Вучиќ бара од Косово да направи „невозможен избор“, кој би ја загрозил стабилноста на регионот и би претставувал „закана за американските сојузници“.

– Во услови на постојни напади од страна на Србија, чија цел е да се загрози нашиот суверенитет, безбедност и просперитет, има некои кои би сакале Косово да се вклучи во т.н. мирно етничко чистење на Балканот. Тоа преставува кусоглед обид за повлекување пред насилникот со надеж дека насилството ќе престане. Но, нема да го сториме тоа, туку ќе им се спротивставиме на оние кои се обидуваат да не искористат и во исто време ќе работиме на постигнување траен и сеопфатен мир, пишува Харадинај во авторскиот текст.

Тој обвинува дека Србија и „нејзиниот сојузник Русија“ одбиваат да ја признаат косовската независност и го блокираат приемот на Приштина во ОН, додавајќи дека спротивно на Бриселскиот договор за нормализација на односите, Белград го блокира патот на Косово кон членство во многу меѓународни организации, како што е Интерпол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...