„Новости“: Покрај воена отштета, Приштина бара и имот од поранешна СФРЈ

Покрај воената отштета што косовските власти најавија дека ќе ја бараат од Белград, на списокот со барања на Приштина се и дел од имотот на поранешна СФРJ, вклучително и одреден број објекти на дипломатски и конзуларни претставништва во странство, воени објекти и дел од архивата, пишува „Вечерње новости“.



Весникот наведува дека тврдењата на Приштина оти средствата и имотот се бараат врз основа на договорот за сукцесија на поранешна Југославија се далеку од реални, бидејќи Косово не беше република во рамките на СФРЈ, туку српска покраина и како неразвиена област беше изземена од прераспределбата за сојузните органи.

Според весникот, при тоа во Приштина никој не споменува дека Белград ги презеде сите долгови на Косово кон доверителите, од Лондонскиот и Парискиот клуб, до ММФ, како и дека Србија „со децении одвојуваше пари за помош на Косово како неразвиено подрачје“.

– Албанците никогаш не и плаќаа данок на Србија, придонеси, струја, телефон или која било друга обврска, но со задоволство користеа пензии, детски додатоци, социјална помош и слично, наведува „Новости“.

Весникот додава дека кога на тоа ќе се додаде и вредноста на српскиот имот на Косово, тогаш тоа ги надминува „наводните побарување“ на косовските Албанци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...