Вучиќ: Стравувам за иднината на Србите на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на Твитер објави неколку реченици од синоќешното обраќање пред Советот за безбедност на ОН, заедно со неколку фотографии од седницата.



– Стравувам за иднината на српскиот народ на Косово, но и за целиот регион. Приштина ги загрози сите Срби со тоа што ги зголеми таксите на стока од централна Србија за 100 отсто, а правно оправдување за формирање на „армија на Косово“ не постои, напиша Вучиќ.

Претставниците на САД и Британија во Советот за безбедност на ОН ја поддржаа трансформацијата на Косовските безбедносни сили во армија, додека рускиот амбасадор рече дека „војската на Косово“ е закана за мирот во регионот, а амбасадорот на Кина повтори дека Пекинг го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.

На истата седница на СБ на ОН, амбасадорите на Холандија и Франција повторија дека ја поддржуваат независноста на Косово. Сепак, според францускиот дипломат, одлуката за формирање косовска армија не доаѓа во добар момент со оглед на дијалогот со Белград.

И амбасадорот на Холандија рече дека одлуката на Косово за формирање војска доаѓа во чувствителен момент и оти двете страни мораат да покажат одговорност, да избегнуваат ексцеси кои би го поткопале понатамошниот дијалог и меѓусебната доверба и да покажат политичка волја за нормализација преку дијалогот во кој посредува ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...