Снежен бран го зафати Балканот

Снежниот бран кој ги зафати Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија предизвика проблеми во патниот сообраќај.



Во Далмација паднаа 40 цм снег, каде под снежна покривка се и приморските градови Омиш и Сплит. Снегот почна да паѓа вчера попладне, а посебно густ беше во Далматинска загора. За чистење на снегот се ангажирани 30 возила на земската служба. Метеролозите најавуваат разведрување во Хрватска, а потоа, во четврток се очекува силна бура.

Поради снежната бура во хрватскиот град Имотски денеска нема да се одржува настава во основните и средните училишта.

И главниот град на Црна Гора – Подгорица утрово се разбуди под снежна покривка. Според Хидрометеоролошкиот завод во градот паднале седум цм снег. И во приморскиот град Улцињ врнеше снег, каде снежната покрива е еден цм. Локалните власти повикуваат на претпазливост во сообраќајот.

Во близина на српскиот град Кикинда, автобус излета од патот, а според очевидци во инцидентот нема повредени. Авто-мото сојуз на Србија предупреди дека во северниот и западниот дел на земјата се очекува локална појава на дожд, која ќе се заледува на тлото, додека на југозапад, југ и југоисток на Србија се можни обилни снежни врнежи и значително зголемување на снежната покривка поради што повикуваат на задолжително носење зимска опера и внимателност при возењето.

Снежната покривка од неколку сантиметри предизвика проблеми во сообраќајот и во делови на Босна и Херцеговина. Сепак локалните власти информираат дека патиштата редовно се чистат и иако е сообраќајот отежнат, сите патни правци се проодни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...