Харадинај побарал да му се намали платата

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по повод актуелните штрајкови на вработените во здравството и образованието, кои бараат да им се зголемат платите, изјави дека од изготвувачите на Законот за плати во јавната администрација побарал да ја намалат единствено неговата плата, јави дописникот на МИА од Приштина.



За ова негово барање Харадинај информира на денешната средба со структурите на неговата партија, Алијансата за иднината на Косово (ААК), во Митровица, на која станало збор за штрајкот на лекарите и наставниот кадар.

– Знам дека здравството и образованието се во штрајк, свесен сум, ги гледам и ги читам секој ден. Меѓутоа, единствената работа што сум ја побарал од тие кои го изготвуваат законот за плати е да се намали само една плата, онаа на премиерот. Побарав во сите сектори да се зголемат платите, освен на премиерот, изјави Харадинај.

Здравствените работници се во штрајк од минатиот декември, со тоа што штрајкот во моментов го продолжуваат хирурзите и ортопедите, додека другите го прекинаа. Со истото барање, за корекции на платите, од 14 јануари штрајкуваат и сите јавни просветни институции во Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...