Харадинај: ЕУ со ставот за Трепча покажува дека се залага за поделба на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, коментирајќи ја реакцијата на Брисел по усвојувањето на Статутот на рудникот Трепча, оцени дека „Европската унија очигледно го изгубила патот во сопствениот двор“ и јасно се залага за поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.



Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, по повод усвојувањето на Статутот на Трепча од страна на Собранието на Косово, изјави за српските медиуми дека прашањето на рудникот, „како и сите други отворени прашања меѓу двете држави, треба да се реши единствено преку финализација на дијалогот“.

Ваквиот став, според косовскиот премиер, е „без преседан, неприфатлив и како таков го нарушува суверенитетот на косовската држава“.

– Трепча не е отворено прашање меѓу Косово и Србија и во ниеден момент народот на Косово и неговите институции нема да дозволат создавање на вештачки теми кои јасно имаат за цел поделба на Косово, порача Харадинај преку својата официјална страница на Фејсбук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...