Вучиќ: Време е за договор со Косово, но ќе биде пеколно тешко

Две децении од најголемиот европски нерешен спор, српскиот претседател Александар Вучиќ за Блумберг изјави дека е време да се постигне договор, но дополни дека ќе биде исклучително тешко.



Во интервјуто за Блумберг, кое го пренесува Танјуг, Вучиќ потенцира дека прво мора да бидат укинати таксите, а секој договор мора да содржи слободно движење на стока и луѓе.

Блумберг оценува дека откако Атина и Скопје го решија спорот околу името, меѓународниот притисок се префрла на Вучиќ, од кого се бара со косовскиот претседател Хашим Тачи да работи на постигнување договор.

– Решавањето на спорот меѓу Грција и земјата која сега се вика Република Северна Македонија беше полесно. Ќе биде потешко од пеколно тешко, истакна српскиот претседател.

Блумберг констатира дека со постигнување договор ќе им се овозможи на двете страни да се приклучат кон ЕУ, а кога е Косово во прашање, и кон НАТО. Агенцијата дополнува дека Србија и натаму е клучна во регионот кој е растргнат меѓу конкурентските интереси на надворешните сили.

-За Србија членството во ЕУ е потенцијален економски раст, Косово настојува да ја зацементира својата независност, а Европа сака да ја зголеми стабилноста на Балканот, истакнува Блумберг. Агенцијата уште оценува дека Русија е внимателна што се однесува на поддршка на евентуален договор кој би можел да го забрза членството на Србија во ЕУ и дополнително да го намали нивното регионално влијание, кое веќе губи на сила.

Вучиќ вели дека и тој и Тачи ќе мора да им објаснат на граѓаните дека ниту една страна нема да добие се што сака.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...