„Кока-Кола“ го купува „Бамби“ за 260 милиони евра

„Кока-Кола“ започна процес на преземање на српската кондиторска компанија „Бамби“ од фондот „Мид Еуропа Партнерс“, во вредност од 260 милиони евра.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, конечниот договор ќе биде дефиниран преку крајно усогласување, а аквизицијата ќе подлежи на вообичаените услови и одобренија на надлежните органи, поради што се очекува самиот процес да биде завршен во вториот квартал од 2019 година.



„Кока-Кола“ соопшти дека нејзина стратешка намера е ова преземање да и овозможи нови развојни можности во Србија и регионот, како и можност за проширување во комплементарни категории производи.

– Оваа аквизиција претставува одлична можност за создавање додадена вредност за нашата компанија, клиентите и акционерите. Во нашето постоечко портфолио на водечки брендови пијалаци на потрошувачите ќе им додадеме добро познати, комплементарни брендови, како и иновативни вештини и знаења. Ова дополнително ќе ја зајакне нашата релевантност на пазарот и односот со купувачите и ќе ни даде можност да го зголемиме нашето присуство во клучните можности за консумирање, како што е почетокот на денот, консумирање во движење и ужина и освежување дома, изјави главен извршен директор на подружницата на американскиот гигант, компанијата „Кока-Кола Хеленик Ботлинг Компани (ХБЦ) АГ“, Зоран Богдановиќ.

Генералниот директор на „Кока-Кола ХБЦ Србија и Црна Гора“, Светослав Атанасов, пак, истакнува дека оваа аквизиција е потврда дека Србија е многу атрактивна локација за странски инвестиции, но и доказ за одлучноста на компанијата да остане составен дел на локалната заедница во која работи и да продолжи да го развива бизнисот во оваа земја.

– Сигурен сум дека нашите глобални брендови, искуството стекнато на бројните пазари, како и посветеноста на локалната заедница, здружени со водечките брендови кондиторски производи на „Бамби“, ќе бидат вистинска добитна комбинација, нагласи Атанасов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...