Круемади: Рама е кукавица, ќе живее како Арафат

Лидерката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), трета по големина партија во Албанија, Моника Круемади гостувајќи во емисијата „360 степени“ на тиранската телевизија Ора њуз, истакна дека премиерот Еди Рама е кукавица и оти „ќе живее како поранешниот палестински претседател Јасер Арафат“.



– Рама е кукавица. Тој замина. Најдете ми еден случај. При секој протест, без разлика дали бил Сали Бериша премиер, дали Илир Мета, дали Пандели Мајко или Башким Фино. Кој побегна од Владата поднесувајќи оставка. Бидете убедени дека Еди Рама ќе живее како Арафат. Два дена нема да остане на едно место. Ниту неговиот возач нема да знае каде ќе биде, посочи Круемади.

Во врска со откажувањето на пратеничките мандати и на пратениците од нејзината партија, таа изјави дека тоа е единствен демократски пат кој и преостанал на опозицијата.

– Откако опозицијата ги искористи сите средства и обиди со власта, за волја на вистината ароганцијата или еуфоријата, заробените институции достигнаа кулминација. Она што денес може да изгледа радикално не е такво. Тоа е единствениот демократски елемент што и преостана на опозицијата, рече таа.

Обвини дека во саботата од вратата на Владата кон учесниците на протестот било фрлано со отровен боев гас и солзавец.

Круемади, која е сопруга на актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета, категорично изјави дека тој не може да ја запре во донесувањето на политичките одлуки.

– Нашите одговорности не ги мешаме со семејните односи, изјави таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...