Харадинај: Зошто да се укине таксата, ако со неа и покажуваме на Србија каде и е местото

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека нема да се дозволи укинувањето на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина да биде услов за продолжување на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај во интервју за ТВ21 рече дека доколку е таксата поважна од дијалогот со Србија, таа нема да се укине никогаш.

– Доколку таксата е поважна од дијалогот, никогаш нема да ја укинеме, никогаш! Ако таксата претставувала проблем, никогаш нема да ја укинеме. Ако преку таксата и покажуваме на Србија каде ѝ е местото, зошто да ја укинуваме. Тие не сакаат да не признаат, тие не сакаат соседски односи, сакаат ние да им ја купуваме стоката, а тие да ни поставуваат услови за да одиме на преговарачка маса, изјави Харадинај.

Тој го отфрли условувањето на шефицата на дипломатијата на Европската унија, посредничката во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Федерика Могерини, која деновиве изјави дека дијалогот ќе продолжи единствено кога косовската Влада ќе ја повлече одлуката за таксата.

– Ако Могерини не сака, тогаш воопшто нека не повикува на дијалог, рече Харадинај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...