Америка никогаш нема да го напушти Бондстил заради косовската такса кон Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги отфрли како неосновани информациите во медиумите дека Соединетите Американски Држави ќе ги повлечат своите војници од Косово доколку неговата влада не ја повлече одлуката за 100 отсто такса на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за косовската јавна телевизија, РТК, Харадинај рече дека евентуалната одлука да ја напушти базата „Бондстил“ во Косово, Вашингтон нема да ја донесе „надвор од своите глобални безбедносни интереси“.

– Ако е до таксата, Америка никогаш нема да ја повлече војската – за тоа воопшто да не се грижите. Ако планира да ја повлече, ќе го стори тоа – со таксата или без неа. „Бондстил“ ќе се затвори единствено ако е тоа дел од глобалните планови на Америка. Заради таксата тоа нема да го стори. А за нешто друго – кој знае. Таквите одлуки се донесуваат поинаку, бидејќи се работи за глобалната безбедност, изјави Харадинај.

Косовскиот премиер вели дека му е жал поради тоа што околу прашањето за санкциите кон Србија има поделени мислења кај албанскиот политички спектар во Косово и што „некои од косовските политичари поинаку им ја претставуваат на САД ситуацијата во врска со дијалогот со Србија“.

– Кога е во прашање Америка, се плашам единствено кога некој од кај нас оди таму и лаже. Тоа е единствената опасност. Опасноста не доаѓа од Америка, ниту од Европа – доаѓа од кај нас. Ситуацијата е ваква каква што е. Не може да има координација со некого кој излегува надвор од Уставот, изјави Харадинај.

Ваквиот став косовскиот премиер го изнесе во однос на прашањето за разликите меѓу него и претседателот на државата, Хашим Тачи, во врска со таксата од 100 отсто на увозот од Србија и БиХ и барањето на Вашингтон за укинување на истата.

Тачи бара укинување на таксата, со цел да се деблокира дијалогот со Србија, додека Харадинај е решителен дека таа ќе остане се додека Србија не ја признае независноста на Република Косово.

– Жал ми е што се поделивме вака. Кога би биле заедно за таксата, ќе го подигневме Косово на повисоко ниво во однос на Србија, Европа и Америка, изјави Харадинај во синоќешното интервју за РТК.

Тој ги повика сите релевантни субјекти на Косово да се обединат околу барањата за неменливост на гранците на државата, „онака како што беа обединети околу формирањето на Војската на Косово“.

На истиот начин како за војската, нагласи косовскиот премиер, политичките субјекти во земјата беа обединети и во врска со статутот за рударскиот комбинат Трепча.

– Решението е да се обединиме околу таксата, исто како за Трепча. Америка не е против нас. Ние ја доведовме во заблуда. За војската бевме обединети и – проблемот се реши. Ве повикувам сите да ни се приклучите, порача Харадинај.

Одлуката за таксата на увозот на српски производи, рече косовскиот премиер, не е ниту неуставна ниту спротивна на меѓународните спогодби за трговија.

– Јас не донесов неуставна одлука за таксата. Одлуката е законска, демократска и исправна. И ЦЕФТА ја предвидува. Претседателот (на САД, Доналд) Трамп исто така презема вакви дејствија, со санкции кон Кина, Иран, Русија, изјави Харадинај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...