Ципрас: Се наоѓаме на историски крстопат за иднината на земјата

Земјата и економијата свртеа нова страница, се наоѓаме на историски крстопат, но пред нас имаме уште битки, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.



– Се наоѓаме на историски крстопат за иднината на земјата. Тешките години се зад нас, големиот чекор направен во 2015 година не беше нерешителен. Земјата веќе се наоѓа во постмеморандумската ера, порача Ципрас.

Тој додаде дека народот ќе одлучи по кој пат ќе оди земјата, дали ќе продолжи по патот што сигурно води кон економијата или по оној во спротивен правец.

Грчкиот премиер упати критики до Нова демократија за позициите на опозициската партија за многу прашања, како и за тоа дека немаше осуда, особено од лидерот Кирјакос Мицотакис, за нападите на домовите на пратеници од СИРИЗА во Северна Грција поради Договорот од Преспа.

Ципрас уште еднаш повтори дека парламентарни избори ќе има на есен, откако ќе заврши уставно предвидениот мандат на сегашната Влада.

– Нека не очекуваат дека ќе им направиме услуга да ги забрзаме националните избори, истакна Ципрас и и порача на Нова демократија дека ќе биде поразена и на претстојните евроизбори и на парламентарните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...