Турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој патувал Ципрас

За време на патувањето на премиерот на Грција, Алексис Ципрас кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го принудиле хеликоптерот да лета ниско и да прави маневри, додека не интервенирале грчките воени авиони, јави дописничката на МИА од Атина.



Инцидентот со турските воени авиони го обелодени самиот Ципрас, кој ѝ порача на Турција дека „џабе троши бензин и керозин“ и доколку е потребно со пливање ќе стигне до најоддалеченото место во Грција.

– Пред малку имав чест при моето пристигнување овде на Агатониси да ме пречекаат и некои борбени авиони на турското Воено воздухопловство. Се чини поради денешниот ден, сакаа и тие да учествуваат во нашата национална прослава. Го принудија хеликоптерот во кој бев на некои ниски маневри. Се додека грчките воени авиони, како што секогаш се случува, не ги спречија силите што го нарушија нашиот воздушен простор. И која беше целта? Да го пресретнат хеликоптерот на премиерот? Треба да знаат дека овие бесмислени дејствија немаат никаква смисла. Џабе си трошат керозин и бензин, е пораката што сакам да ја пратам, прво затоа што ние ќе бидеме секогаш тука за да го одбраниме нашиот национален интегритет и второ затоа што грчкиот премиер ќе се најде и на најизолираниот остров од нашата држава, па дури и да биде потребно до таму да стигне со пливање, рече Ципрас во неговото обраќање од островот.

Грчкиот премиер нагласи дека Грција секогаш е за мир, дијалог и соработка и испрати порака до Турција дека само овие работи имаат перспектива.

– Грција денес е земја на која сите мораат одново да сметаат, не како на сила која напаѓа, туку како на сила на мир и соработка во Источниот Медитеран и на Балканот. Како сила што е за дијалог и разбирање со народите, како енергетски јазол во регионот, како сила на која што може да се смета. И оваа порака сакам да ја испратам до нашите соседи, до нашите соседи кои треба да сфатат дека во Егејското Море перспектива имаат само соработката, разбирањето и заедничкиот развој, порача Ципрас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...