Ни најголемите оптимисти не очекуваа за мал период толку позитивни резултати од Договорот од Преспа

Мислам дека ни најголемите оптимистите не можеа да очекуваат, за толку мал временски период да имаме толку важни позитивни резултати од Договорот од Преспа, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за весникот „Неа селида“.

-Како што поминува времето, како што ќе се зајакнуваат врските на пријателство и соработка, како што во пракса ќе се покажува заедничката корист за двата народи, така ќе стивнуваат и екстремните гласови и гласовите на поделба во внатрешноста на двете земји, вели Ѕанакопулос.

Тој додава дека Грција за неколку месеци успеала да додаде нов сојузник на Балканот, но и „да врати скапоцен дел од нејзиниот дипломатски капитал за вистинските дипломатски прашања во регионот“, јави дописничката на МИА од Атина.

-По големиот пораз на национализмот и квазипатриотизмот и од двете страни на границата, Грција го надгради нејзиниот углед во цела Европа и создаде соодветен терен за голем грчки инвестиции во Северна Македонија, истакнува портпаролот на грчката Влада, а како карактеристичен пример го споменува бизнис интересот на првиот форум одржан пред 15 дена во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...