Прв случај на „сериски убиства” во Кипар

Шефот на кипарската полиција денеска изјави дека Кипар се соочува со „невидено” злосторство, по откривањето на труповите на две жени, за кои се верува дека се Филипинки.



– Полицијата и кипарското општество се соочуваат со еден вид невиден криминал на Кипар, изјави шефот на полицијата Захаријас Хризостому.

Полицијата во езеро близу Никозија трага и по исчезнато шестгодишно девојче. Триесетипетгодишен офицер на кипарската Армија е приведен под сомнеж за убиство на сите три жртви.

Локалните медиуми случајот веќе го нарекоа „први сериски убиства на Кипар”. Првата убиена жена била пронајдена на 14 април и е идентификувана како 38-годишната Мери Роуз Тибурсио од Филипини.

Таа и нејзината ќерка, детето по трага полицијата, беа прогласени за исчезнати во мај 2018 година.

За време на претресот на рудникот Мицеро, во близина на Никозија, била откриена и втората убиена жена. Нејзиното тело било врзано и завиткано на ист начин како и првата жртва.

Инспекторите соопштија дека осомничениот го признал и нејзиното убиство, а станува збор за 28-годишна жена, најверојатно од Филипини.

Случајот стана познат откако германски турист, снимајќи го рудникот, забележал тело на површината на 150 метри длабока шахта, преплавена по невообичаено силните дождови. Се претпоставува дека осомничениот се сретнал со Филипинките преку социјалната мрежа за запознавање „Баду“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...